За нас

Дејан Џингарски, претседател на Велосипедски клуб “Струмица”

Здружението Велосипедски клуб “Струмица” е формирано 2012та година. За релативно кусото време на постоење, горди сме што можеме да кажеме дека во два наврати наши велосипедисти се квалификуваа и учествуваа на Светските првенства за велосипедисти-аматери (мастерс категорија) во Данска и Италија, 2015та и 2017та година. И покрај напорната работа, финансиите беа главниот проблем за неодржувањето на континуитет на учество на Меѓународните натпревари.

Идејата за програмата “Твојата храна, твое здравје” или ТХТЗ ја добивме од нашите членови, поддржувачи, симпатизери, роднини и пријатели, како начин на кој би Ви помогнале и начин на кој Вие би ни помогнале – секоjа претплата на ТХТЗ програмата, вушност, е Ваша донација и директно ја помагате работата и реализацијата на проектите на Велосипедскиот клуб “Струмица”.

Јас сум Дејан Џингарски, претседател на Велосипедскиот клуб “Струмица”, и во име на сите членови и во свое лично име, бескрајно Ви се заблагодарувам на Вашата помош!

Еве, во оваа прилика да Ви кажам и дека јас ја имам честа да Ве водам низ ТХТЗ програмата а и кусо да Ви се претставам. Имам 45 години, роден сум во Битола, живеам во Струмица. Јас сум дипломиран спортски тренер по фитнес и бб, дипломирав 2017та на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, 2018та ја завршив Олимписката обука за напреден спортски менаџмент организирана од Македонскиот oлимписки комитет, а 2019та успешно го завршив фитнес курсот на Steiner Training Academy во Лондон.

Како велосипедист – натпреварувач, победив на Државното првенство во хронометар 2012та година во мастерс категорија. Победив и на Меѓународен натпревар во возење на хронометар (мастерс категорија), 2015 та година, на островот Скирос, во Грција. Овој натпревар беше под покровителство на Светската велосипедска унија и како победник се квалификував за Светското велосипедско првенство 2015 (мастерс категорија) во Хобро, Данска, каде што го освоив 56то место во мојата категорија.

Во креирањето на ТХТЗ програмата го употребив сето мое знаење и искуство за да Ви помогнам во решавањето на проблематични килограми, надуеноста и киселините во стомакот, малку да се “стегнеме”, да ја вратиме енергијата, да го забрзаме метаболизмот, да го подобриме спиењето, да го подобриме целокупното здравје. Искуствата покажаа дека сите што пробаа се подобруваа, тие поупорните, што сфаќаа дека го менуваме животниот стил, беа поуспешни и уште го држат нивото.

Според нив, најмногу им помогнало тоа што сме биле секогаш достапни за совет, за консултација, за мотивирање кога работите не оделе како што треба – па луѓе сме, тешко ни одат промените. Од тие причини основните принципи во нашата работа се индивидуалниот пристап и достапноста. Никогаш нема да се почувствувате осамени во ТХТЗ програмата! Затоа ќе успеете!

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

%d bloggers like this: