Брзо слабеење – теорија

Некои од нас сакат да ослабнат, некои сакат да се поправат, а некои, да останат како што се. Од тие причини овие три работи во текстов ќе бидат обединети во еден термин – регулација на телесната маса.

Во процесот на регулацијата на телесната маса се вклучени голем број на различни механизми и центри во организмот, кои ни до денес не се во потполност проучени. 

Релацијата помеѓу апетитот (како основен иницијатор на земањето храна) и реалните енергетски потреби на еден човек, се многу комплексни. Суштинските случувања се одвиваат на релацијата центар за глад – центар за ситост кои се лоцирани во хипоталамусот, кои пак преку систем на повратни врски комуницираат со периферијата. 

Најбитните информации од периферијата доаѓаат од сетилата за вкус и мирис, присутноста на храната во желудникот, како и концентрацијата на гликозата (и некои други супстанци) во крвта. 

Во овие сложени процеси значајно место завземаат и метаболизмот на внесената храна и поттикнатата активност на многу различни хормони.

И покрај сите наведени фактори, прифатено е мислењето дека степенот на кој се одржува рамнотежата помеѓу енергетската потрошувачка и внесување во организмот, е најодговорен за регулацијата на телесната маса.

Телесната композиција е составена од бројни елементи кои можеме да ги групираме во две групи: масна и безмасна. Во масната влегуваат потребното и вишокот (непотребното) масно ткиво, додека во безмасната влегуваат мускулите, коските и внатрешните органи.

Овие бројни составни делови го комплицираат предвидувањето околу изгубената количина на телесната маса при примена на редукциски диети (експертите со долгогодишно искуство можат да утврдат приближни вредности).

Слабеењето може да биде последица на намалувањето на телесните масти, содржината на водата во организмот или мускулната маса.  Секако, пожелен е процесот на слабеење со кој ќе се изгубат вишокот акумулирани масти во телото.

“Брзото слабеење” е вистина возможно во одредена рамка, а некои диети и експерти го искористуваат ова и во промотивни цели. Имено, како што билките си чуваат енергетски резерви во облик на скроб, така ние си чуваме во облик на гликоген, и тоа во просек околу 500 гр (кај истренирани спортисти може да отиде и до 900 гр). Со складирањето на 1 гр гликоген се врзуваат и 3 гр вода. Воколку со диетата се воведе рестрикција на јаглените хидрати, и на пр. потрошиме 400 гр од гликогенот во нашето тело, автоматски, со ослободудва и водата што ја врзува, а во овој пример тоа се 1200 гр, при што добиваме телесна маса пониска за 1600 гр, односно, 1.6 кг.

Логично, кога ќе се потроши целиот гликоген, значително ќе забави и намалувањето на телесната маса. Така се случува рапидното намалување на телесната маса во првите неколку дена од почетокот на рестриктивните диети. Секако, веќе знаете зошто диетите не успеваат, и нормално е со укинувањето на рестрикциите на јаглените хидрати да очекувате да се вратат гликогенските резерви на потребното ниво, а со тоа и изгубената телесна маса (надополнета со некој екстра грам или килограм).

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: