Токсините “не’ тепаат у поим”

Секојдневно сме изложени на мали (и големи) количини токсични материи во нашата животна средина, иако, ова кај нас станува тема само во зимскиот период, со започнувањето на грејната сезона (претежно аерозагадувањето). Не е никаква тајна (освен за властите) дека ова штетно влијае на нашето здравје, поготово во добивањето и развојот на хроничните заболувања и на нашата телесна тежина, односно дебелината. 

Загрижувачки е фактот дека веќе со години се раѓаме токсични – кај просечното новороденче е утврдено присуство на голем број различни токсини! Оттука само станува полошо, последиците предизвикуваат континуирано нарушување на нашето здравје.

Токсините дебелеат!

Токсичноста се манифестира на начини за кои не сме секогаш свесни. Во едно научно истражување, глувци биле изложени на токсични хемикалии преку исхраната. Резултатите биле многу интересни: добиле екстра килограми и го зголемиле масното ткиво без зголемен внес на калории или намалено вежбање, или, за шест месеци, овие глувци биле потешки за 20% и имале 36% повеќе телесни масти од глувците кои не биле изложени на тие хемикалии.

Значи, ако неуспешно се борите со вишкот килограми (а правите се’ како што треба), веројатно сте токсични, односно можете да добиете тежина без да јадете повеќе калории или да вежбате помалку. Токсините го зголемуваат вашиот апетит и ги “збркуваат” сигналите на мозокот кои го контролираат гладот, го забавуваат вашиот метаболизам и придонесуваат за зголемување на телесната тежина и дијабетес.

Целата приказна би почнала со нешто како пред-дијабетес состојба, со континуитет на здравствени проблеми, почнувајќи од слабо изразена инсулинска резистенција и прекумерна телесна тежина која води до значителна дебелина и дијабетес. Дијабетесот е веќе потврден како најголема глобална здравствена епидемија на нашето време, која значително придонесува во развојот на срцеви заболувања, деменција,  канцерогени заболувања и прерана смрт.

Животната средина и дијабетесот

Потврдени се бројни фактори кои влијаат на дијабетесот, вклучувајќи ги тука пред се’ неправилната исхрана богата со јаглени хидрати од процесирана храна, физичката неактивност, недоволно спиење и стрес во континуитет. 

Но, се заборава или се потценува влијанието на животната средина, иако докажано, прави огромна штета на човековото здравје во секој поглед. На крајот, се’ се сведува на следново: ако сме токсични, тоа не’ прави да бидеме болни и дебели. Не смееме повеќе да ги игнорираме токсините на кои сме секојдневно изложени!

Непотребно изложување на токсини

Ставот дека сите токсини доаѓаат од животната средина и дека “некој” намерно не’ труе (прска од авиони и сл.) и не е баш 100% прифатлив, од прости причини што и самите се изложуваме непотребно на токсини. Да не звучи како клише (иако е секогаш убаво да си прочитате) за состојките на храната што ја јадете (поготово ако е процесирана), еве нека биде овој пат да си прочитате што содржи вашиот омилен дезодоранс што го користите секој ден, прочитајте и со какви  средства ја одржувате хигиената во вашиот дом, прочитајте си и за лековите што ги пиете (поготово тие за смирување, болка, холестерол…).  

Ако повеќето од напишаните состојки не ги разбравте, не се секирајте, затоа се и напишани така.

Ако почнеме да ги “разглабаме” сега сите адитиви и останати хемиски чуда што се користат во прехрамбената и другите индустрии, тешко дека текстов ќе заврши некогаш. Но тука ќе спомнам една работа што мене ме плаши, што и покрај сите закони околу транспарентното обележување на состојките на амбалажата на продуктите, дозволено е производителите да не ги наведуваат сите состојки, како на пр. во козметичката индустрија, при изработка на парфеми (во едно истражување од 2010 година, утврден е просек од 14 скриени состојки во парфемите меѓу кои и такви што штетно влијаат на хормонскиот систем).

Има решение, детоксикација

Среќата во целата токсична ситуација е тоа што нашиот организам тежнее кон чистота и здравје. Ние треба да му помогнеме во тоа. Сте прочитале, сте слушнале за бројни детокс-програми (не сум сигурен што има повеќе во “оптек” по мреживе, дали диети или детокс програми), но пред да се прашате која е најдобрата и која да си ја изберете, мало потсетување.

Токсините се таложеле во вашето тело со месеци (години), што значи како одговор на долгата токсикација, би требало да дозволите и доволно време за детоксикација (тешко дека “експрес” детоксикација од неколку дена би била реална). 

Во нас си носиме разни токсини, (опасни, помалку опасни, растворливи во масти, растворливи во вода…) и нашето тело има различни механизми за ослободување од истите. Главната одбрана на нашиот организам од метаболичко труење ја води црниот дроб, спроведувајќи бројни операции кои имаат за цел претварање на токсините во облик кој лесно може да се исфрли преку урината.

Значи, со изборот на детоксикацијата не смеете да внесувате дополнителни токсини и да го оптоварувате системот, а од друга страна да барате олеснување од токсичниот товар што си го носите!

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: