Зошто диетите не успеваат?

Денес бараме од луѓето да донесат одлуки за кои никогаш не сме еволуирале за да ги направиме, никогаш не било поставено пред нас да намалиме од телесната тежина. 

Под зборот “диета” во овој текст, мислам пред се’ на некој што е на “диета”, некој што радикално го сменил тоа што обично го јаде, редуцирал продукти и по квалитет и по квантитет и што е опседнат со броење калории, само за брзо да намали килограми и да си ги врати назад кога ќе му заврши диетата (под услов да стигне до крајот).

Гладот ​​е еден од најголемите двигатели на човечкиот опстанок

Нашите тела имаат разни видови на механизми за да не спречат од диети или кога ќе започнете со диета станувате мрзоволни, расположението паѓа, нивото на кортизол се покачува, нагоните за храна се зголемуваат, способноста и желбата за физичка активност се намалуваат… Вака нашиот организам реагира на гладот.

Верувам дека никој од нас нема проблем да разбере дека немаме реална контрола над дишењето, ако ве праша некој да престанете да дишите пет минути и ќе добиете ферари (со боја по избор), сигурно дека би посакале да можете, но едноставно не можете. Е сега контролата на јадењето и пиењето не е баш на нивото на дишењето ама гладот ​​е еден од најголемите двигатели на човечкиот опстанок.

Тоа не значи дека ние немаме волја, напротив, секој од нас ја има и е вградена во нашиот биолошки код!

Сите се мачат со диетите

Човекот со прекумерна телесна тежина кој оди на диета, се мачи исто толку, колку и мршавата личност што оди на диета, нема разлика, истиот одговор на глад, истите длабоки адаптации се применуваат. И кога обвинуваме некој дека е дебел и дека тоа е поради недостаток на волја, тоа е исто како да го обвинуваме затоа што е човек.

Оттука е понекогаш тешко да се разбере зошто луѓето се толку вознемирени кога ќе видат некој со неколку килограми екстра масно ткиво на него, па тој човек со ништо не влијае на нивните животи. Едноставно не’ тера да го гледаме и сфатиме како медицински проблем (нели, тука сме сите доктори и ескперти).

Постои мислење дека се што треба да се направи за да ослабнеме е намалувањето на калориите. Намалувањето на храната и губењето на вишокот телесни масти не одат баш заедно. Биохемиските сигнали кои ги генерираат јаглените хидрати, протеините и мастите ако не се во одреден однос, не можат да поттикнат потрошувачка на акумулираниот вишок масти во нашето тело. Во најдобриот случај со ваквиот пристап, брзо ќе го постигнете лимитот на ослабнување по што губењето на телесната тежина повеќе не е возможно.

Разлика помеѓу губење масти и телесна тежина

Спомнав, губење на вишок акумулирани масти и губење на телесна тежина. Тука постои голема разлика, и многу е битно да ги разграничиме двете работи. Со адекватните промени во начинот на исхрана (и животниот стил), целиме кон ослободувањето од вишокот акумулирани масти во телото, затоа што постигнувањето на идеалната телесна тежина не е само губење килограми. Во телесната тежина, покрај масното ткиво, влегуваат и водата (течностите) во организмот, мускулите, коските, тетивите, лигаментите итн.

Рестриктивните диети, било да се работи за рестрикција на калории или рестрикција на некој од главните макронутриенти или продукти, обично не успеваат. Едноставно луѓето се изморуваат од постојаното гладување и ги прекинуваат диетите при што ги враќаат изгубените килограми и тоа скоро секогаш како вишок масти. Од психичка гледна точка се чувствуваат лошо затоа што немале доволно волја, дисциплина или мотивација.

Постои вистински начин

Успешниот пристап би се движел кон тоа ШТО јадете а не КОЛКУ јадете. Добро структурираните оброци и вистинскиот избор на продукти ќе ви овозможат да јадете доволно за да се чувствувате сити и да го изгубите вишокот масти од вашето тело, притоа не замарајќи се со броење калории. 

ТХТЗ програмата што ја развивме за вас, за само едно кафе на ден, ви нуди индивидуална анализа и едукација како да ги намалите вишокот наталожени масти без да гладувате.

Биохемиските реакции што ги има нашиот организам кон храната се запишани во нашите гени во текот на еволуцијата, станува збор за три-четириесет милиони години, и тешко дека нешто ќе ги промени во блиската иднина. 

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: