Мастите – нашите ангели и демони (1.дел)

Во последните години се изгради култ на демонизирање на мастите. За жал, или за среќа, науката одамна докажа дека без масти, луѓето не би биле тоа што сме, без масти би биле мртви, и дека мастите се живот.

Мршавоста обично ја поврзуваме со здравјето, начинот на кој го гледаме степенот на релативната дебелина и мршавост е под влијание на “модерните” социолошки тенденции, од социјалните мрежи, телевизија и останатите средства за информирање, било електронски или не.

Ако погледнеме назад низ вековите, на пример, како барокните уметници ја претставиле женската убавина во нивните слики, крупна, полничка во споредба со денешната убавина на жената од модните писти. Разликите можеме да ги видиме и ако погледнеме во различни географски региони и различни култури.

Масното ткиво во нашето тело не постои за да ни биде непријатно кога се гледаме во огледало или, како што денес се случува, да не вознемирува. Масното ткиво постои како составен дел од нашето тело, со многу битна функција.

Храната ја консумираме за да добиеме енергија потребна за нашиот живот. Енергијата е во форма на хемиски врски кои ги согоруваме веднаш или ги складираме, еден константен процес на движење на енергијата внатре или надвор. Кога јадеме, внесуваме енергија и сме во позитивен енергетски биланс, за разлика од кога спиеме, не внесуваме енергија а трошиме за да ги одржиме животните функции на нашиот организам.

Човечкиот организам има различни “трикови” како да остане сигурен дека никогаш нема да остане без енергија, но главниот е зачувувањето на енергијата во облик на масти.

Масното ткиво е доста сложено, но неговата примарна цел е да ги има резиденцијалните клетки наречени адипоцити или масни клетки, чија основна функција е да бидат местото каде што ќе го складираме мастите. 

Масната клетка е единствената клетка во организмот чиј волумен може 99% да се пополни со една единствена капка од триглецириди. Триглицеридот е хемиска форма и начин на кој ги складираме мастите. Составен е од глицерол со три синџири на масни киселини кои се одвојуваат од него и нашето тело е способно тие синџири да ги расцепка и малку по малку да ги “изгори”, такашто малку масти создаваат огромни количини на енергија. (Мастите навистина горат, пробајте да исечете масно парче од кременадлата што ја подготвувате за ручек, запелето го и ќе видите дека гори.)

Ако ги ослободиме мастите во нашето тело со горење, ќе се генерира огромна количина на топлинска енергија со која сигурно ќе предизвикаме голема штета со фатални последици. 

Нашето тело научило да ја извлекува енергијата полека за да не предизвика оштетувања, со извлекување на по два јагленородни атоми кои ги уфрла во Кребсовиот циклус. Водејќи низ серија на хемиски реакции, се овозможува енергијата да излегува во мали дози на начин на којшто може да биде употребена. Впрочем, слично на горењето – започнува со парче маст а завршува со ослободената енергија, јагленороден диоксид и вода.

Сфаќањето дека мастите се местото каде го ставаме вишокот калории и долгогодишното сфаќањето на биохемијата за тоа, е на некој начин и малку здодевно, дека масните клетки не се баш многу интелигентни клетки, дека не се воопшто акитвни и дека не прават ништо паметно освен складирање на некои нешта за “зимница”.

Но нештата се сменија пред 25 години, кога е откриен генот со кој се формираат масните клетки и кога е идентифициран лептинот, хормонот кој го произведуваат масните клетки со кој комуницираат со мозокот. Овие откритија побудија голем научен интерес и започнаа многу истражувања.

Наскоро 2.дел…

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: