Твојата храна, твое здравје

​”Твојата храна, твое здравје” или скратено ТХТЗ, e програма базирана на нашите искуства и научните истражувања на американскиот биохемичар д-р Бери Сирс. Ќе Ви овозможи подобрување на здравјето, заштита од хронични заболувања и подобрување на квалитетот на животот. Губењето на вишокот килограми и наталожените масти е загарантирано.

ТХТЗ не е диета – нема да гладувате! ТХТЗ не е фитнес план – нема напорни тренинзи! 

ТХТЗ програмата е фокусирана на Вашиот животен стил, што значи и Вашиот начин на исхрана, и физичките активности, и спиењето, и стресот, и се’ останато што има влијание.

ТХТЗ не е диета, но во исхраната се прават најчестите грешки и затоа го претставува најголемиот дел од програмата! Еве само неколку работи зошто е така:

  • Пред повеќе од 2000 години, Хипократ рекол: „Нека храната биде вашиот лек, а лекот вашата храна.“  Од тогаш до сега ништо не е променето во човекот, имаме потреба од истата храна, од истите продукти, но за жал, денешниот свет е многу поразличен од тој во кој живеел Хипократ. Еве, за потсетување и на една народна – „Вие сте она што го јадете“. Застанете надвор од продавниците за бели печива, сендвичарите и рестораните за брза храна и ќе се уверите…
  • Додека не’ учат за важноста на читање на етикетите на продуктите за да ја провериме составот и количината на протеини, јаглени хидрати и масти, сепак, најлесниот начин да се јаде здраво е да се држиме до храната на која воопшто не и требаат такви етикети – кога сте виделе етикета со состојки залепен на свежо јаболко, пиперка или модар патлиџан? Замената на фабрички процесираните продукти од исхраната со свежите природни и целовити артикли, е неопходност ако го цените Вашето здравје и Вашето тело. 
  • Храната го диктира Вашето расположение, нивото на вашата енергија, варењето, кожата, ноктите, косата и телото. Со дисциплина за тоа кои продукти, и кога, влегуваат во Вашата уста, значително ќе го подобрите Вашето здравје и Вашето тело ќе функционира подобро.
  • Ако сакате трајно да ги искористите наградите од дисциплината во исхраната, ќе мора да направите радикална промена во начинот на кој ја гледате храната. Храната е далеку поважна од само нешто што јадете за задоволство или да Ви ја смири гладта. Наместо тоа, тоа е моќен лек што го земате барем три пати на ден до крајот на животот. Откако храната е разложена во дигестивниот систем во нејзините основни компоненти (гликоза, аминокиселини и масни киселини) и се испраќа во крвотокот, таа има посилно влијание врз Вашето тело и здравје од кој било лек што некогаш може да го препише Вашиот лекар!
  • Мора да разберете дека секој оброк што го консумирате претставува многу силен лек, кој може да има добар, лош или неутрален ефект врз Вашето тело во следните четири до шест часа. Кога лекарот ви препишува апчиња, тој не ви кажува да ги испиете сите апчиња првиот ден – тоа ќе го преоптовари Вашиот систем, па дури и може да Ве убие. Наместо тоа, лекарот сака да одржите умерено, но релативно константно ниво на лекарството во крвотокот во текот на лечењето.
  • Секој лек има терапевтско дејство. Премногу од лекот во крвотокот може да доведе до токсична реакција, премалку може да го направи лекот неефикасен. За лекот да дејствува, треба да го одржите вистинското ниво во крвотокот. Значи, не е само лекот што ја лечи Вашата состојба и го обновува Вашето здравје, туку е и конзистентноста и умереноста на дозата, односно, одржувањето на потребната концентрација во крвотокот. Истото важи и за храната. Клучот е да се одржи постојан здрав баланс на хранливите материи и хормоните кои ги тие активираат, во подолг можен временски период. Секој оброк и секоја ужина што ја конзумирате треба да ја имаат посакуваната рамнотежа на макронутриенти (протеини, јаглени хидрати и масти) што создава соодветен и поволен одговор на хормоните, особено во однос на глукагонот, инсулинот и еикосаноидите.

Ова се само дел од принципите врз кои ќе го поставиме Вашиот План со потребните промени за постигнување на Вашите цели.

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

%d bloggers like this: