Ние спомнавме на почетокот дека ТХТЗ не е фитнес план и дека нема напорни тренинзи, но физичката активност е потребна за нормално функционирање на нашето тело и како таква е составен дел од ТХТЗ програмата. За да не дојде до забуна, еве како Светската здравствена организација (СЗО) ги разграничува термините „физичка активност” и „вежбање”:
СЗО ја дефинира физичката активност како било кое телесно движење произведено од скелетните мускули што бара потрошувачка на енергија – вклучително и активности преземени при работа, играње, работи во домаќинството, патувања и рекреација.
Терминот „физичка активност“ не треба да се меша со „вежбање“, што е поткатегорија на физичката активност, која е планирана, структуирана, повторувачка и има за цел подобрување или одржување на една или повеќе компоненти на физичката кондиција.
Надвор од вежбањето, секоја физичка активност што се врши за време на слободното време, за да се стигне од едно до друго место, или како дел од работата на една личност, има здравствена корист. Понатаму, и физичката активност со умерен и физичката активност со висок интензитет го подобруваат здравјето.
Закажете бесплатна консултација
Тel., Viber, WhatsApp:
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com