Како функционира ТХТЗ програмата

Прв чекор – БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА

Ќе Ви ги одговориме нејасните прашања и ќе ги согледаме Вашите причини зошто сакате да се приклучите на ТХТЗ програмата. Штом одлучите да почнеме, ги поставуваме Вашите цели што сакате да ги постигнете со ТХТЗ програмата и продолжуваме со вториот чекор.

Втор чекор – АНАЛИЗА

Во првата недела ги скенираме Вашите животни навики (исхрана, физички активности, спиење, стрес, итн.). Информациите ги бележите во дневник, ќе добиете едноставна табела за внес на податоци преку вашиот мобилен или компјутер, или ако Ви е полесно, бележете на најобично парче хартија – битни се информациите што ќе ги забележите!

Кои се битните информации за бележење? Се’ е битно! На пр.:, кога сте легнале, кога сте станале од спиење; кога сте појадувале, што сте појадувале, која количина (така за сите оброци, вклучително и ужинките); внесот на течности, кои течности, количина; стрес на работа, дома; физички активности, итн.

Зошто се битни овие информации? На овој начин ќе стекнеме увид во Вашата рутина и ќе можеме да направиме квалитетни корекции. На пр., времето на оброците е битно затоа што постои временска рамка во која е потребно организмот да добие храна, ако доручекот е во 7.00 а ручекот во 15.00 часот, тоа е предолг временски период и ќе го решиме со вметнување на мала ужина. Секој продукт што се внесува поттикнува соодветна реакција во оранизмот, ако на пр. за ручек сте јаделе шпагети, реакцијата ќе биде зголемено излачување на хормонот инсулин (и за час или два повторно ќе бидете гладни), ова за нас конкретно значи дека во овој оброк недостигаат протеини кои би поттикнале излачување на хормонот глукагон со што би го “смириле” инсулинот (мастите не ги спомнавме, сигурно ги имало во сосот, поготово ако е еден од тие инстант сосови). Затоа ни е битен составот на оброкот, со добро избалансиран однос помеѓу протеините, јаглените хидрати и мастите во оброкот, со добро временски распоредени оброци, ќе добиеме рамнотежа во излачувањето на хормоните а со тоа и подобро искористување на храната.

Со ТХТЗ програмата ќе бидете едуцирани околу структурата на оброкот, околу јаглените хидрати, протеините и мастите, кои се добрите што ВИЕ ги користите, кои се лошите, кои би требало помалку, кои повеќе да бидат присутни во ВАШАТА исхрана, кога е идеалното време за Вашите оброци и количините потребни на Вашето тело. Ќе бидете едуцирани и за течностите, за спиењето, за физичките активности и стресот.

Како што можете да видите, ова е сосема различен пристап во споредба со диетите што сте ги пробале или прочитале! Ќе ја користите храната што ја сакате, нема да има “забранети” продукти! Затоа сме убедени сме во успехот на ТХТЗ програмата!

Тука можете да видите пример на пополнет електронски дневник и дневник воден на хартија.

Трет чекор – Реализација

Оттука почнуваат да течат неделите од ТХТЗ пакетот што сте го одбрале.

Од овој чекор почнуваме да го сметаме времето. Ги анализираме Вашите информации што сте ги бележеле во дневникот и изготвуваме конкретен план за корегирање на утврдените слабости. Заеднички го реализираме планот.

Пожелно е да продолжите да ги внесувате информациите како во првата недела, затоа што на тој начин можеме да ја следиме практичната реализација на планот од Ваша страна и веднаш да Ве контактираме со совет или корекција за нештата што не се во согласност. На пр., сме забележале дека продуктите и количините употребени во ужинката се повеќе или помалку од потребното, ќе Ве контактираме (на начинот што претходно сме го договориле, телефон, емаил, апликации) и со конкретен совет ќе го решиме отстапувањето. Или на пр., имате проблем да искомбинирате оброци со продуките што ги имате, ќе не’ контактирате и ќе Ви помогнеме да ја добиете најдобрата комбинација за Вас.

Индивидуалниот пристап, комуникацијата и постојаната едукација ќе Ви го потврдат чувството дека не сте сами во програмата, и дека сигурно ќе успеете!

Закажете бесплатна консултација

Тel., Viber, WhatsApp: 
+ 389 71 307703
email: thtz.info@gmail.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: